






Пеглата за патување од брендот Raf ќе ви овозможи да изгледате средено секогаш кога патувате некаде. Компактните димензии и иновативниот дизајн кој овозможува рачката на пеглата да се собере ја прави преносна и затоа нема да ви зафаќа простор во вашиот багаж. Пеглата е со јачина од 1000w и има резервоар за вода од 80мл а исто така е опремена и со најновата Pro Heat технолгија што значи брзо загревање и континуирана пареа.
Керамичката подлога загрева секаде рамномерно и спречува материјалот кој се пегла да се залепи на пеглата. Пеглата има прилагодлива температура и одговара за пеглање на сите видови материјали.
Затоа што ја има опцијата со континуирана пареа пеглата можете да ја користите и вертикално, односно да пеглате алишта дирекно на закачалка.