




Детален опис на производот
Кварцната греалка од брендот RAF има моќност од 800w. односно 2 греачи од по 400w кои ќе можете да ги вклучувате посебно согласно вашите потреби. Специјалната рефлектирачка подлога која се наоѓа позади греачите ја рефлектира топлината со јачина речиси двапати од таа на греачот, што ја прави греалката исклучително моќна и штедлива на електрична енергија.
Одлична е за загревање мали простории, каде што сакате веднаш топлина а може да се користи и на отворено во суви услови. Опремена е со заштита од превртување, која се активира доколку греалката случајни се преврти и автоматски се гаси.