



Детален опис на производот
Држачот за мобилен од брендот KL GO е изработен од квалитетни материјали, и одговара за сите мобилни телефони на пазарот независно од големината на телефонот. Безбедно се поставува на таблата во автомобилот со лепенка која дополнително е зајакната со вакум систем па така држачот може да ги издржи сите нерамнини кои автомобилот ги поминува додека вози. Држачот е специјално дизајниран да можете да го ставате и вадите телефонот со една рака и да не ви одзима внимание додека возите, дополнително дизајнот ви овозможува висинско подесување и ротирање на телефонот во сите насоки.
Освен во автомобилот држачот може да се постави на биро,маса,плочка и сл.